Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски

t

Не треба да прибегнуваме кон фолклор и емоции, туку секој треба да размислува и да работи на тоа како да живее во мир, стабилност и безбедност. Заедничкиот интерес треба да биде напредокот и интеграцијата на земјата во Европската Унија, порачал лидерот на ДУИ Али Ахмети на дебатата за 25 години од Рамковниот договор.

Тој рече дека ја сака Македонија затоа што е негова земја, земја на неговите баба и дедо и прабаба и додаде дека ја сака Македонија колку што ја сакаат и Бранко Црвенковски и Христијан Мицкоски.

-Ја сакам Македонија, господине Бучковски, колку што ја сакате и вие, ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука, колку што ја сака Бранко Црвенковски, колку што ја сака Христијан Мицкоски, затоа, подалеку од Охридскиот договор, кој и да се обидува да го уништи албанскиот јазик, да ја уништи правичната и соодветната застапеност.

Достигнувањата со Охридскиот договор, гарантирани се од САД, ЕУ и НАТО, за тоа работевме заедно 20 години, не велам дека тоа е само резултат на Албанците, не велам дека само Албанците победиле со Рамковниот договор, победи и македонската нација – порача Ахмети од панел-дискусијата на која како говорник учествуваше поранешниот премиер Владо Бучковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…