Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу важен чекор за земјава

t

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и ситуацијата во регионот, се дел од темите на кои разговарал претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Република Чешка во земјава, Јарослав Лудва.

Како што информираат од ДУИ, Ахмети изразил благодарност за поддршката на Република Чешка на нашиот пат кон европската интеграција и вооедно го информирал амбасадорот Лудва за скрининг процесот кој се одвива.

На средбата, како што се посочува во партиското соопштение, уставните измени се опишани како многу важен чекор за земјата.

-Опозицијата мора да рефлектира и да дејствува во согласност со повиците на меѓународните партнери и да ја забрани блокадата на земјата за интеграција во ЕУ. Република Северна Македонија треба да продолжи со потребните реформи затоа што земјата мора да ги приближи локалните и европските стандарди. Република Чешка секогаш ја поддржуваше нашата земја и нè охрабрува да ги направиме уставните измени што е можно поскоро, се наведува во партиското соопштение.

Двајцата соговорници разговарале и за предизвиците со кои се соочува регионот, со посебен акцент на нормализацијата на односите Приштина – Белград и финализирање на спорот со взаемно признание.

Чешкиот амбасадор го поканил претседателот на ДУИ Али Ахмети на ручек со групата амбасадори V4 на земјите од Вишеград. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара одговор зошто нема ниту еден…

ДУИ реагира дека етничките Албанци во државата…

ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено…

Демократската унија за интеграција остро реагира на…

ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА…

ВЛЕН јасно и без никаква резерва го…

Влен до ДУИ: Ако имавте обезбедено пари…

Соопштение на ВЛЕН ВЛЕН ДЕНЕС ГРАДИ, ДУИ…

ДУИ тврди дека 105 Албанци аплицирале во…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува дека…