Баба од село Челопек раскажува за нападот од можниот сериски убиец: Почна да ме удира, па да ме гуши!
МВР вчера информираше дека се испитува можноста убиецот, кој уби стара жена во селото Челопек (Старо Нагоричане), да е сериски убиец.
Баба Росанка (85) од село Челопек во изјава за Сител тв го опиша ужасот што го преживеала кога во нејзиниот дом упаднал насилникот, кој сега се сомничи за убиство на нејзината сосетка.
Таа раскажа дека додеа мирно си седела во својот дом, непознато лице ненадејно упаднало внатре и без збор почнало да ја напаѓа.
„Ми фрли ќебе преку глава. Викам – кој е овој? Не збори ништо, само почна да ме удира. Прво ме фати за гуша, силно, за да не можам да викам“, раскажува Росанка.
Таа се борела со насилникот со последни сили се додека тој пребарувал низ собата, најверојатно барајќи пари.
„Дојдов малку до здив и си велам – Боже, која е оваа будала? 85 години имам, што сака од мене?“, вели таа.
Нападот се случил само неколку дена пред во истото село да биде пронајдено безживотното тело на 78-годишна жена, за чие убиство веќе е приведен 25-годишен жител на соседното село Драгоманце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Баба од село Челопек раскажува за нападот…
МВР вчера информираше дека се испитува можноста…
Детали за убиството на жената во Челопек:…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово…
22-годишникот кој го уби Чарли Кирк не…
ФБИ го објави идентитетот на убиецот на…
Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк…
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е…
Убиецот од Словачка бил најдобар ученик во…
Според словачките медиуми, ученикот Самуел (18) кој денеска…