Убиецот од Словачка бил најдобар ученик во гимназијата
Според словачките медиуми, ученикот Самуел (18) кој денеска уби двајца луѓе, а тешко рани уште двајца во гимназијата во Спишка Стара Веса во Словачка, бил награден како најдобар ученик на училиштето.
– Успеа да постигне неколку успеси на регионални и реонски студентски натпревари. Беше успешен на Европските олимписки игри за млади – вели изворот.
Самуел гимназијата ја претставувал и како спортист. За своето училиште играл мал фудбал и кошарка.
Според информациите на словачките медиуми, напаѓачот денеска требало комисиски да полага испити. Медиумите објавија дека тој наводно во минатото се заканувал со напади врз соучениците.
Жртвите се 52-годишниот заменик-директор на гимназијата и еден ученик, кои им подлегнале на повредите во нападот. Ранети се уште двајца ученици, од кои едниот е во критична состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бланар: Словачка е против какви било двојни…
-Ние не можеме да прифатиме дека во…
Во напад во училиште во Словачка загина…
Напад во училиште во северозападна Словачка, извршен…
Словачка предлага забрана за социјални медиуми за…
Словачката влада одобри нацрт-закон со кој би…
Силјановска: Нашиот пат кон ЕУ е многу…
Во рамките на официјалната посета на Република…
Пелегрини – Сиљановска: Западен Балкан не смее…
Словачка ја поддржува европската перспектива на Македонија…