„Бадник се празнува во заедништво“: Градоначалничката Арсовска денешниот празник го помина во Пунктот и прифатилиштето за бездомни лица кај Момин Поток

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денешниот празник, Бадник, го помина со тимот на Црвен Крст Скопје во Пунктот и прифатилиштето за бездомни лица кај Момин Поток. Арсовска најави дека покрај досегашните активности, како обезбедување оброк, лекарски, хигиенски и други услуги, Градот Скопје дополнително ќе обезбеди и топли оброци за лицата корисници на пунктот низ целата година, а ќе се вложи напор процесот на ресоцијализација да биде успешен за овие лица

„Бадник се празнува во заедништво. На овој ден си подаваме рака. Вечерва Бадник го минавме во Пунктот и прифатилиштето за бездомни лица кај Момин Поток со тимот на Црвен Крст Скопје. Во овој пункт со поддршка на градот се реализираат активности каде бездомните лица добиваат услуги од доктор, социјален работник, психолог, хигиенски и берберски услуги, топол оброк, медикаменти, како и поддршка при вадење на документи за лична идентификација. Приказната на Даут кој со поддршка на хуманиот тим на пунктот предводен од Д-р Сузана Тунева Пауновска, сега има свој дом и работа, е мотив за поголема поддршка. Градот Скопје дополнително ќе обезбеди и топли оброци за лицата корисници на пунктот низ целата година, а ќе се вложи напор процесот на ресоцијализација да биде успешен за овие лица“, соопшти Арсовска преку социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…