Базата „Кучова“ е најголемиот проект на НАТО во Албанија
Албанија официјално ја отвори воздушната база Кучова во понеделник, 4 март, откако ја трансформираше децениската база во модерен центар за идните воздушни операции на НАТО.
Преку официјално соопштение на Алијансата пишува дека воздушната база Кучова, која се наоѓа на околу 80 километри јужно од Тирана, ќе ѝ служи на Албанија и ќе ги поддржува логистиката, воздушните операции, обуката и вежбите на Алијансата.
НАТО го финансираше подобрувањето на базата со околу 50 милиони евра.
„Базата Кучова е најголемиот проект на НАТО во Албанија во последната деценија. Работите за реновирање започнаа со церемонија на поставување на камен-темелник во 2019 година и опфаќаат подобрувања и реновирање на контролната кула, пистите, хангарите и складиштата“, се додава во соопштението.
Работите беа финансирани од Безбедносната инвестициска програма на НАТО (NSIP) која покрива големи одбранбени градежни проекти во сојузничките земји.
„Воздушната база ќе служи како важен воздушен центар на НАТО“, рече вршителот на должноста портпарол Дилан Вајт.
„Подобрувањето на воздухопловната база Кучова е стратешка инвестиција и покажува дека НАТО продолжува да го зајакнува своето присуство на Западен Балкан, област од стратешко значење за Алијансата.
На официјалното отворање во понеделник присуствуваа претседателот на Албанија Бајрам Бегај, премиерот Еди Рама, претседателката на Собранието Линдита Никола, министерот за одбрана Нико Пелеши и началникот на одбраната генерал-мајор Арбен Кинги. На церемонијата говореа и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, турскиот генерал-полковник Ѓоксел Кахја и други високи претставници.
На страната на НАТО, се приклучија командантот на Центарот за комбинирани воздушни операции Торехон, генерал-полковник Хуан Пабло Санчез Де Лара и генералниот директор на Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО (НСПА), Стејси Камингс.
По говорите, авиони од сојузничките нации изведоа летечки приказ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…