Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на Албанија и Косово во Приштина, на пленарната седница на Собранието на Албанија, дојде до инцидент меѓу пратеници, кога пратеникот Агрон Шехај повеќе од два часа ја блокираше говорницата, не давајќи им на своите колеги шанса да зборуваат, пренесува Топ чанел.
Претседателката на Собранието Спиропали и демократскиот пратеник Фљамур Нока побараа од него да ја напушти говорницата.
И по обидите и барањата на колегите, тој сепак одбиваше да ја напушти говорницата.
И откако беше исфрлен од седницата, тој остана на говорницата, па Нока стана и отиде на говорницата со намера да го отстрани Шехај од неа.
Тој го оттурна Шехај од говорницата, а тепачката меѓу двајцата пратеници ја спречи нивниот колега Љуан Баци, кој застана меѓу Шехај и Нока.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…