Објавено на:

Балистичките ракети на Путин кажуваат повеќе од неговите изјави, вели украинскиот министер за надворешни работи

t

Синоќешниот „страшен напад“ на Русија врз Киев е доказ дека балистичките ракети на рускиот претседател Владимир Путин кажуваат повеќе за дипломатијата отколку неговите изјави, порача денеска украинскиот министер за надворешни работи Андрј Сибиха.

„Штом мировните пратеници на американскиот претседател си заминаа, Путин започна нов голем и грозоморен напад врз Киев, оштетувајќи станбени области и убивајќи најмалку два лица“, наведе Сибиха во објава на социјалните мрежи.

За време на посетата на американските мировни преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Москва и Киев минатиов викенд, двете страни во последните три дена ги запиреја нападите врз двата главни града за да им дадат шанса на преговорите со посредниците, но по завршувањето на примирјето руските сили синоќа извршија нов напад врз Киев.

Според украинските медиуми, како резултат на нападите синоќа во Киев биле предизвикани експлозии во неколку станбени згради и едно училиште, а од делови од погодените објакти биле оштетени и повеќе автомобили.

Укаинските власти денеска соопштија дека во синоќашните руски напади врз Киев загинале две лица, а најмалку седум други се ранети.

Покрај во Киев, синоќа и во текот на ноќата сирени за воздушен напад се огласиле и во други градови во Украина.

Полската армија соопшти дека мерка на претпазливост поради „големиот напад“ на Русија врз Киев, активирала свои воени авиони кои патролирале нив воздушниот простор на Полска.

Во соопштението се посочува дека станувало збор за „превентивна акција насочена кон обезбедување на воздушниот простор, особено во областите што се граничат со загрозените зони“.

„Не е регистрирано нарушување на полскиот воздушен простор“, информира полската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балистичките ракети на Путин кажуваат повеќе од…

Синоќешниот „страшен напад“ на Русија врз Киев…

Следната цел на АФД е освојувањето на…

„Мојата јасно поставена цел е во многу…

Предупредување за невреме во Македонија

Македонија денеска ќе биде под влијание на…

Виткоф: Постигнат е значаен напредок во преговорите…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп,…

Ајфеловата кула под клуч: Штрајк откако работничките…

Ајфеловата кула во Париз беше затворена во…