Банана залепена за ѕид продадена на аукција за 6,2 милиони долари

t

Провокативното дело на Маурицио Кателан, банани залепени на ѕид, продадено за неверојатни 6,2 милиони долари на аукција во Њујорк, четири пати повеќе од проценетата вредност.

Кинескиот инвеститор во криптовалути Џастин Сан победи уште шест други понудувачи за да ја купи уметничката инсталација „Комедија“ од италијанскиот уметник, соопшти аукциската куќа.

„Во наредните денови лично ќе изедам банана како дел од уникатно уметничко искуство“, истакна Сан.

Лепливата банана, која сега е веројатно најскапото продадено парче овошје, всушност била купена претходно истиот ден за 0,35 долари, пишува Њујорк Тајмс.

Делото Комичар првпат беше откриено во јавноста во 2019 година и веднаш стана сензација и предизвика бројни дебати и расправии за тоа што всушност е уметност.

Инсталацијата, која го обиколи светот како дел од различни изложби, доаѓа со инструкции како да се замени бананата кога ќе скапе.

Всушност, бананите досега се веќе двапати изедени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банана залепена за ѕид продадена на аукција…

Провокативното дело на Маурицио Кателан, банани залепени…

Германија ги зголемува трошоците за култура и…

Новата министерка за култура на Германија, Клаудија…

Бисера Костадиновска Стојчевска: Државите од „Отворен Балкан”…

Министри за култура, претставници од агенции задолжени…

Се укинуваат гратис влезниците во МКЦ

Младинскиот културен центар соопшти дека од 1…