,,Бараме од Министерството за култура да се избере најдобриот кандидат за директор на Филхармонија”

Пишува Марко Виденовиќ:
Имам многу да напишам, но ќе оставам на Вас Почитувани мои, за вие самите да одлучите.
Споделете/поддржете
Ваш Марко Виденовиќ
Ќе премолчиш за ова,
ќе премолчиш за она.
Ќе замижиш за ова,
ќе замижиш за она.
Ќе премолчиш за овој,
ќе премолчиш за оној.
Ќе замижиш за овој,
ќе замижиш за оној.
Ќе премолчиш ваму,
ќе премолчиш онаму.
Ќе замижиш ваму,
ќе замижиш онаму.
Ќе премолчат за тебе,
ќе замижат за тебе.
Карма
Почитувани,
Изминативе две години поминавме тежок период, се соочивме со низа проблеми, немавме поддршка од државата, а ресорното Министерство секогаш имаше поважни приоритети од Македонската филхармонија.
Прославивме 80 години од своето постоење во ноември минатата година – достојно, како што прилега на институција која гордо го носи епитетот – најстара од областа во културата и единствена од таков вид во државата.
Се движиме напред, иако постојано со јаже не влечат назад, но ние не се предаваме.
Не дозволуваме да не поклопи колективната апатија во државата, не сакаме да се откажеме, ниту пак да ја наведнеме главата.
Единството ни е ветер во едра, секојпат кога некој ќе се обиде да не закотви на брегот. Македонци, албанци, турци, власи, роми – сите заедно се бориме за доброто на нашата институција.
Пред нас е нов предизвик.
Од Министерството за култура и туризам бараме да го избере најдобриот кандитат на конкусот за директор и да ги почитуваат условите пропишани во Законот за култура.
Нема да дозволиме Македонска филхармонија да биде жртва на меѓупартиски договори, а политиката треба да се тргне од уметноста и културата.
Затоа, ќе ви бидеме неизмерно благодарни доколку ја споделите оваа наша порака за да ни помогнете нашиот апел да стигне до што поголем број граѓани.
Кога политичарите се прават дека не слушаат, ајде да им пуштиме погласна музика!
Вашата ценета поддршка ни е неопходна за да се избориме за иднината на Македонска филхармонија!
Ваша,
Македонска филхармонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…