„Барселона одби понуда од 250 милиони евра за Јамал“
Ламин Јамал е фудбалерот од кого многу се очекува во иднина, а Барселона не помислува да се откаже од неговите услуги. Доказ за тоа е и последната изјава на агентот на Дани Олмо.
Имено, според неговите зборови, Барселона во текот на летото одбила понуда за Јамал во износ од 250 милиони евра.
Енди Бара не го откри името на клубот, меѓутоа во јавноста се шпекулира дека станува збор за Пари Сен Жермен со кого младиот фудбалер се поврзуваше во изминатиот период.
„Знам со сигурност, Барселона одби понуда од 250 милиони евра за Ламин Јамал“, кратко изјави Бара.
Јамал зад себе има одлично лето во кое блескаше на Европското првенство, а одличен е и на почетокот од сезоната во Ла Лига каде што е еден од носителите на играта на Барселона која има пет победи во исто толку натпревари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…
Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…
Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…
ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…
Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…
На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…