Бахмут падна: Пригожин им честиташе на борците од Вагнер
,,Оркестарот Вагнер” го доведе до крај својот ,,концерт”, и знамето на Вагнер денес победнички е подигнато над Бахмут. Битката или кланицата за Бахмут траеше 224 денови, поточно од 8-ми октомври 2022 година кога Оркестарот Вагнер ја започна операцијата Бахмут.
Битката за Бахмут е нејжестоката битка од почетокот на Руско-Украинската војна, со огромни жртви од двете страни.
Операцијата Бахмут, Вагнер ја започна со цел да и даде време на руската армија да се опорави после поразот под Харков, да се прегрупира, да се изврши делумна мобилизација и да се стабилизира линијата на фронтот. Битката за Бахмут ја водеа само единици на Вагнер, и по 224 денови, јуришните единици на Вагнер метар по метар напредуваа во Бахмут.
Мора да се признае дека музичарите на Вагнер, но и нивните противници, украинските војници и платеници/доброволци се бореа достојно и храбро. Но воените команданти на Вагнер, се покажаа како поумни и поснаодливи, а припадниците на Вагнер со поголем морал и дух од украинската армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…