Објавено на:

Бајден вели оваа пандемија не е завршена..

t

Оваа пандемија не е завршена. Денеска одбележуваме трагична пресвртница овде во САД, еден милион смртни случаи од Ковид-19. Еден милион празни столчиња околу семејна трпеза … Мораме да останеме будни кога станува збор за оваа пандемија и да направиме сè што можеме за да спасиме што е можно повеќе животи, како што направивме со повеќе тестови, вакцини и третмани од кога било досега, нагласи Бајден.

Тој додаде дека од клучно значење е Конгресот во следните месеци да не ги намали средствата што ги издвојува за борба против Ковид-19.


Бајден посочи и дека смрт на најблиските има силно влијание врз семејствата и истакна дека „нацијата е променета засекогаш”. Тој нареди и спуштање на знамињата на половина копје.

Загубата на еден милион животи претставува една смрт на секои 327 Американци, или вкупно, повеќе од целото население на Сан Франциско или Сиетл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прваче или претседател: Бајден се потруди…

Американскиот претседател, Џо Бајден се врати во…

Бајден вели: Санкциите против Русија влијаат и…

Соединетите држави и Европа знаеле дека воведувањето…

Да не го турна Путин: На социјалните…

Американскиот претседател Џо Бајден падна од велосипед…

(Видео) Изгледа му требаат помошни тркала: Бајден…

Претседателот на САД, Џо Бајден во текот…

Бајден бара решение: Како до олеснување на…

Американскиот претседател, Џо Бајден денес изјави дека…