Бајден го воведе во ред Макрон: Сега и Франција е „против“ Русија

– Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот француски колега Емануел Макрон во средата се согласија координирано да одговорат на руското воено присуство на украинската граница, соопшти Белата куќа.
Во телефонскиот разговор што се случи откако Макрон не ја исклучи можноста да ја посети Русија за да се најде дипломатско решение за кризата, „двајцата лидери ја потврдија поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопшти американската администрација.
Тие разговараа и за „координацијата што во моментов е во тек на дипломатско и на ниво на подготовки за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија во случај на натамошна окупација на Украина“.
„Претседателот Бајден и претседателот Макрон се договорија нивните тимови да бидат во редовен контакт, консултирајќи се и со сојузниците во НАТО и со партнерите од ЕУ, за нашиот координиран и глобален пристап за решавање на овие прашања“, се наведува во соопштението. Од крајот на 2021 година, Западот ја обвини Москва дека собрала десетици илјади војници во близина на украинската граница за можна инвазија.
Русија одговара дека нема намера да ја нападне Украина, туку дека само е загрижена за својата безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…