Објавено на:

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за Рамазан

t

Претседателот на САД – Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на Рамазан, додавајќи дека еврејската држава ризикува да ја изгуби поддршката од остатокот од светот бидејќи Палестинците умираат во голем број.

Бајден рече дека Израел е посветен да им дозволи на Палестинците да се евакуираат од Рафа во јужна Газа пред да ја интензивира својата кампања таму за уништување на Хамас.
Тој порача дека постои начелен договор за прекин на огнот меѓу двете страни додека не се ослободат заложниците.

„Рамазан се приближува, а Израелците се согласија да не учествуваат во активности за време на Рамазан, за да ни дадат време да ги извадиме сите заложници“, рече Бајден.

Муслиманскиот свет месец Рамазан во 2024 година се очекува да започне вечерта на 10 март 2024 година, а да заврши вечерта на 9 април 2024 година.

Бајден рече дека привремениот прекин на огнот ќе ги олесни односите меѓу Палестинците и Израел и ќе го забрза процесот на создавање палестинска држава.

„Тоа ни дава време да почнеме да се движиме во насоките во кои се подготвени да одат многу арапски земји. На пример, Саудиска Арабија е подготвена да го признае Израел. Разговарав и со Катар“, изјави Бајден.

„Доколку го добиеме тој привремен прекин на огнот, ќе можеме да се движиме во насока каде што можеме да ја промениме динамиката и да не добиеме решение за две држави веднаш, туку процес да дојдеме до решение со две држави, процес кој ја гарантира безбедноста на Израел и независноста на Палестинците“, порача тој.

Бајден рече дека се надева дека ќе постигне прекин на огнот во конфликтот до следниот понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Косово да прифати сè што се…

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за…

САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…

Слобода или екстрадиција? Денеска ќе се знае…

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска се…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…