Бајден именуваше нова амбасадорка на САД во Украина – Се работи за уникатно соодветна дипломатка со богато искуство
Американскиот претседател Џо Бајден ја именуваше Бриџит Бринк за новa амбасадорка на САД во Украина, пренесе Би-би-си, откако позицијата американски амбасадор во Украина беше празна речиси три години.
Овој потег доаѓа во време кога Вашингтон ја засилува својата поддршка за Украина, во услови на руската инвазија.
Претходно денеска, Белата куќа објави дека Бринк ќе се премести од позицијата амбасадор на САД во Словачка, за да ја пополни „клучната позиција“ во Украина која беше празна во последните три години.
Бринк во моментов ја извршува функцијата амбасадор на САД во Словачка, дипломат е веќе 25 години и има работено во Узбекистан и Грузија, како и на неколку високи позиции во Стејт департментот и Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Белата куќа додаде оти децениското искуство на Бринк ја прави уникатно соодветна за овој момент во историјата на Украина.
Најавата за именувањето на Бринк на оваа позиција е по посетата на Украина од страна на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин кои во Киев се сретнаа со украинскиот претседател Володомир Зеленски и други високи украински претставници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД распоредуваат воени авиони на Блискиот Исток…
САД го зголемија своето воздушно присуство во…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…