Објавено на:

Бајден подготвен за нова претседателска трка

t

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Џил Бајден, денеска даде една од најјасните индикации дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година, велејќи дека „речиси ништо“ не останува да направи освен времето и местото за тоа да биде официјално објавено.

Иако Бајден веќе подолго време ја искажува својата намера да се кандидира повторно, тоа се уште официјално не го сторил и се бори со прашања дали е престар за да продолжи да биде претседател, со оглед на тоа што, доколку победи на изборите, тој ќе има 86 години на крајот на вториот претседателски мандат.

„Тој вели дека сè уште не завршил. Тој не го заврши она што го започна, и тоа е важно“, рече Џил Бајден во Најроби, последната станица од нејзината петдневна турнеја низ Африка, и праша колку пати треба да го каже тоа пред луѓето да поверуваат.

Соработниците на Бајден велат дека неговата кандидатура најверојатно ќе биде објавена во април, пренесе Бета.

Првата дама на Америка долго време беше опишана како клучна фигура во орбитата на Бајден во однос на неговите планови за иднината.

„Тоа е затоа што јас сум негова сопруга“, рече таа.

Меѓутоа, на прашањето дали таа е одлучувачкиот глас за претседателската кандидатура на Бајден, Џил Бајден одговори дека ќе ја слуша, бидејќи тие се брачна двојка.

„Тој сам си носи одлуки, верувајте“, додала првата дама на Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…

ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…