Бектеши: Сѐ уште не е потпишан договорот со грчката компанија за изградба на Чебрен!

t

Договор со грчката компанија за изградба на Чебрен сѐ уште не е потпишан, објасни министерот за економија, Крешник Бектеши, во гостување во Сител ТВ.

– За овој проект разговараме со децении во Република Македонија. Имаше неколку неуспешни обиди, повици и за првпат имаме конкретен понудувач, не само грчката, има и француска компанија и од другите европски земји и согласно со спецификациите кои се побараа, да биде и ЕСМ вклучен во сопствеништвото на идната компанија, се согласиле Грците.

Дополнително на тоа, да биде јасно, ние сме ставиле дополнителни услови кои мора да ги прифати потенцијалниот инвеститот ако сака да склучиме договор, договорот сѐ уште не е склучен. Ако се прифаќаат условите на Владата предвидени во тендерската документација, кои биле наводно спорни, од потенцијалните понудувачи, тогаш секако ќе одиме на потпишување на таков договор. Ако не се прифатат условите на Владата каде се предвидува директно вклучување на ЕСМ, да имаме предност во делот на купување на електрична енергија кога ќе има потреба државата, или во делот на балансирањето, тогаш нема ништо таму спорно, се ќе биде транспарентно објавено и ќе биде јавно објавено, вели Бектеши.

Министерот додава дека до Владата не е доставена информација дали грчката компанија ги прифатила сите услови на Владата.

– До овој момент во Владата не е пристигнат конкретен одговор, иако колку што сум запознаен во Министерството за животна средина, разговараат за условите.

Во врска со идните реперкусии од користењето на водата, климатските промени и можноста “да останеме без вода”, Бектеши објасни дека спецификациите се правени врз основ на податоци од разни студии.

– Кога е подготвена целата документација, се пвикува на студии и врз основа на тие податоци е направена и спецификацијата во делот на повикот. Согласно тие услови, ние не правиме никаква отстапка како Влада, тоа беше дискутирано во Владата. Ние донесовме одлука по предлог на премиерот Ковачевски дека нема да направиме никакви отстапки од првичните барања кои ги има државата и нема да се прифаќаат дополнителните барања на инвеститорите, објасни Бектеши.

Министерот објасни и зошто се користи моделот на јавно-приватно партнерство, наместо државата самостојно да го изведе овој проект.

– Ние работиме на проектот декарбонизација, ЕСМ има други проекти, треба да преминеме од јаглен на обновливи извори. Јас мислам дека тоа за ЕСМ не е моментално одржливо и затоа се користат вакви модели како јавно-приватно партнерство каде и ЕСМ е вклучено. Не верувам дека имало подобра понуда од грчката компанија бидејќи повеќе компании се повлекле и барале дополнителни измени на спецификацијата, но Владата тоа не го прифаќа, вели Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Бектеши: Сѐ уште не е потпишан договорот…

Договор со грчката компанија за изградба на…