Белград: Косово се вооружува со оружје што се покажа ефикасно во Украина
Србија тврди дека Косово се вооружува, а косовските власти тоа го потврдуваат и велат дека на Србија не треба да и се верува.
Британија, како што пишуваат српските медиуми, ѝ испорачала на Приштина извесно количество противтенковски ракетни системи „џавелин“. Тие се покажале како ефикасно оружје во борбите во Украина.
Косовскиот премиер Курти го потврди зголемувањето на буџетот за војската.
-Изјавите кои доаѓаат од Белград не треба да се прифаќаат како факти. На тоа нè учат и минатото и сегашноста. Но, точно е, го зголемивме буџетот за војската за 52 отсто, порача тој.
Министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај на Твитер наведе дека косовската војска е опремена и продолжува да се снабдува со модерно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…