Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин во Египет?
За време на официјалните разговори во Каиро, меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Драган Гламочиќ, и премиерот на Египет, Мустафа Мадбули, било разговарано за подобрување на билатералната економска соработка меѓу двете земји, вклучувајќи го и земјоделството како една од клучните области за иден развој.
Посебен акцент бил ставен на важноста од продолжување на афирмацијата на политиката на неврзаните земји, како и на потребата од заедничко дејствување во услови на сè посложена глобална политичка и безбедносна ситуација- пишува Каматица.
На овој состанок подетално се разгледани можностите за соработка во земјоделскиот сектор, вклучувајќи го извозот на пченица, пченка и сончогледово масло од Србија во Египет, како и потенцијалните инвестиции од египетски партнери во српското земјоделство, производството на храна и инфраструктурата за наводнување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…