Белорусија ќе се вклучи во војната? Лукашенко обвини дека Киев истрелал ракета кон нивна територија
Лукашенко го обвини Киев дека истрелал ракета на територијата на Белорусија.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека од територијата на Украина кон Белорусија била истрелана ракета, но и дека била успешно соборена. Тој посочи дека тоа нема да биде причина Белорусија да се приклучи на специјалната операција во Украина, но дека секој ќе го почувствува одговорот на Белорусија доколку тоа се случи.
„Ве предупредив дека ќе не турнат во оваа операција, во оваа војна (специјална операција во Украина). Ќе се обидат да не вовлечат. Доказ за тоа е фактот што пред два дена во текот на ноќта беше истрелана уште една ракета на територијата на Белорусија. Тоа беше напад на наша територија со ракетата „Точка-У“, која заедно со Русите ја пресретнавме и ја соборивме над Припјат. Таа падна некаде покрај реката. Кој е заинтересиран, може да оди и да види. „Пристапот не е затворен“, рече Лукашенко, цитиран од неговата прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: На Украина ѝ се потребни 5%…
Володимир Зеленски го повикува Вашингтон да ослободи…
(Видео) Руски дрон нападна патнички воз во…
Руски дрон „Шахед“ погоди патнички воз во…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…
Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…
Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…
Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?
Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…