Објавено на:

„Бенет сака Украина да се предаде“: Украински висок функционер вели дека посредувањето на Израел е бескорисно

t

Висок украински владин функционер остро ги критикуваше напорите на премиерот Нафтали Бенет да посредува во кризата со Русија.

Официјалниот претставник во петокот рече дека Бенет „го користи посредништвото како изговор за да го оправда фактот дека Израел избегнува да пренесе воена помош за Украина или да се приклучи кон санкциите изречени на Русија“.

Официјалниот претставник додаде дека Бенет служи како поштенско сандаче меѓу Украина и Русија и дека израелскиот премиер извршил притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прифати условите на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната.

Минатата недела Бенет се состана со Путин во Москва за да разговара за украинската криза, по што следеше телефонски повик со Зеленски.

Двајцата лидери се сретнаа три часа. Помалку од 24 часа по нивната средба во Москва, Бенет и Путин повторно разговараа по телефон. Според соопштението од кабинетот на премиерот, Бенет разговарал и со германскиот канцелар Олаф Шолц и со францускиот претседател Емануел Макрон по телефонскиот разговор со Путин.

Во неговиот последен телефонски разговор со Зеленски, Бенет се обиде да го убеди украинскиот претседател да ја прифати понудата на Путин, рече официјалниот претставник.

„Кога Бенет му рече дека треба да го прифати рускиот став, Зеленски одговори: „Те слушнав, благодарам“, рече претставникот, додавајќи дека Бенет сака Украина да се предаде.

Извор од канцеларијата на Бенет подоцна рече дека она што го говори украинскиот функционер е невистинита.

„Премиерот не му препорача на Зеленски да ја прифати понудата на Путин, бидејќи Израел не знае каква е таа понуда. Во секој случај Бенет нема намера да му даде препораки или совети на Зеленски како да постапи во која било фаза“, рече изворот.

Според изворот, разговорот меѓу Бенет и Зеленски бил успешен. „Напорите на премиерот се насочени кон една работа – да се запре крвопролевањето во Украина и непотребното страдање“, додаваат од кабинетот на премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Успешно ја завршивме 40-дневната операција, Русија…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е…

„Ракот на татко ми се проширил, тажно…

Поранешниот американски претседател Џо Бајден се наоѓа во…

(Видео) Иран објави снимка од Хамнеи по…

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на…

Три дена протести на земјоделците од Струмичко

Земјоделците  деновиве  го изразуваат незадоволството поради ниската…

Пезешкијан: Сега е најдобро време за постигнување…

Сегашните околности се најдобра можност за постигнување…