Бени Шаќири пресече: За мене Делчев е само Македонец!

t

Широка дебата се разви синоќа во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 пред каде диџејот Мирко Попов, музичарот и поранешен кандидат за градоначалник на Град Скопје Бени Шаќири и актерот Сашо Тасевски зборуваа за состојбите во Македонија, очекувано, со многу различни ставови околу прашањата како спорот со Бугарија.

Шакири, кој говореше и најмалку, беше краток и јасен кога станува збор за историјата.


Мојата преспектива е следна – Гоце Делчев за мене е Македонец и толку! Политичарите и историчарите можат до задутре да зборат што сакаат. Тој 1940 и која година е донесен овде во Свети Димитрија, значи Георги Димитров дозволи моштите на Гоце Делчев да бидат тука, порача Бени, пред Попов повторно да се вмеша со своите гледишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ