Беса Адеми била соработник на ДБК, добивала и уцени дека ќе бидат објавени компромитирачки документи за неа

t

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми се соочувала со притисоци од цела политичка групација од каде ја набедувале дека треба да донесе одредена одлука во врска со иницијативата за оценување на аболицијата на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Беса Адеми била жртва на уцена со документи, фотографии и снимки од страна на политичка групација блиска до поранешниот премиер Зоран Заев и СДСМ, дознава Инфомакс од сопствени извори.

Според информациите, пред интервјуто дека Адеми се соочува со притисоци во врска со одлуката која Врховниот суд треба да ја стави на гласање а е во врска со аболицијта на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, Беса Адеми имала непријатна средба со бивш припадник на безбедносните служби и човек кој важи за организатор на снимањето на т.н. „бомби“ со кои Зоран Заев успеа да предизвика предвремени парламентарни избори во 2016. година кои иако ги загуби, успеа да формира Влада.

Според информациите на Инфомакс, непријатната средба претседателката на Врховниот суд Беса Адеми ја имала со поранешниот-директор на ДБК Зоран Верушевски од кој била предупредена дека доколку не гласа на начин на кој тој и политичката групација на која тој припаѓа, тогаш во јавност ќе објави документи, фотографии и снимки со кои се докажува дека токму Беса Адеми и нејзиниот сопруг биле регистрирани соработници на Државното контраразузнавање.

Верушевски ја предупредил и дека ќе ги објави имињата и случаите на кои тие работеле и ја информирале контраразузаванчката служба на Р.Македонија, директно заканувајќи се дека ќе ја обелодени нејзината улога во неколку големи полициски акции во кои „паднаа“ припадници на Албанскиот организиран криминал во Македонија.

Неофицијално член на Судскиот совет поднел иницијатива за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми откако преку медиумите наместо правна, Адеми водеше политичка битка со цел остварување на политички интереси на мала група на луѓе во држвата.

Иницијативата, според нивните извори, ја поднел членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа откако Беса Адеми поради своите јавно изнесени ставови беше повикана на разговор во Судскиот совет, но се се појави.

Додека членовите на Судски совет се подготвуваа да ја пречекаат со низа прашања претседателката на Врховен, Беса Адеми, остана во највисоката судска згради каде со „Коалицијата сите за правично судење“ потпиша меморандум за соработка.

Од Судски совет и испратија порака на Адеми дека и покрај нејзиното не појавување ќе продолжат да испитуваат дали и врз кои врховни судии и кој вршел притисоци и влијанија. Претседателот на судски со уште два члена од редот на судиите уверуваат дека претседателката на највисокиот суд ја повикале на работна средба за нешто што се надлежни, а тоа е гарантираат независнота на судиите.

0-02-05-e3291cd2d9dcd1c98897977a8f4a06c586e286e0e0e087fc9f216c1ff7a30b12_546a1da43ce448c9-1.jpg

Да се потсетиме дека со нејзиното непочитување на правосудните органи, Беса Адеми многу потсетуваше на однесување на Катица Јанева па тоа го отвори прашањето дали токму Адеми ќе биде новата Катица Јанева симбол за корупција и криминал наместо за правда и праведност.

Да не заборивме дека медиумите во март 2016 година објавија наслови „Катица Јанева: Не одам во Собрание и во Советот, нека достават забелешки на извештајот ако имаат“, став кој многу потсетува на овој на Адеми.

Во суштина се започна со еден текст на Инфомакс во кој според нашите информации Зоран Заев, бизнисмени и луѓе блиски до Мицкоски правеле се за да влијаат на една и единствена одлука на Врховниот суд за аболицијата на Иванов. Суштината на овој притисок како што напишавме и тогаш е обидот на Заев, Мицкоски и македонската олигархија да го продолжи прогонот против екс-функционерите на ВМРО-ДПМНЕ меѓу и екс-премиерот Никола Груевски.

Неколку дена подоцна Адеми се огласи во јавност посочувајќи дека врз неа и судии во Врховниот суд се вршел притисок, без притоа да каже кој го правел притисокот и од која причина. Врховиот суд потоа го посети и американската амбасадорка Агелер и испрати порака – Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки.

Во суштина се сведува на стравот на Заев и Мицкоски од можно враќање на Никола Груевски во Македонија и нивните обиди попречувајќи ја правдата и процедурите истото да го спречат.

Имено неодамна Стразбур имаше правно мислење дека за да може да одлучува за аболицијата на Иванов треба во Македонија да бидат искористени сите правни лекови меѓу кои е и оваа одлука на Врховниот суд која со години поради политички притисоци не беше на маса во судот туку веројатно во фијоката на Беса Адеми.

Токму Врховниот суд сега има одлична шанса да го спречи меѓународниот дебакл на Македонија и да ја спаси државата од плаќање на милионска оштета на лицата кон кои Заев очигледно со поддршка од Мицкоски спроведуваше политички прогон во државата. Пресудата на Стразбур се знае уште сега, никаде во светот не постои правна можност па по таа аналогија ниту во Македонија аболицијата да биде повлечена особено не под политички притисок. Не можат ниту оние кои добиле аболиција од истата да се откажат. Патем тоа го докажа и судот во Грција кој благодарение на аболицијата на Иванов и политичкиот прогон кој се врши во Македонија на двајца македонски поранешни разузнавачи, Грујевски и Бошковски им даде политички азил.

Еден од двата луксузни станови на Беса Адеми во Скопје, според пријавеното во анкетниот лист, исто гласи на името на нејзините деца. Модус операнди идентичен како кај Катица Јенва. Без никакво дополнително објаснување од каде децата на Адеми заработиле толкава сума пари, претседателката на Врховниот напишала во анкетниот лист дека станот кој со гаражниот пристор изнесува околу 170 квадрати е купен во 2020 без да се наведе која е неговата цена.

imoten-list-1.jpg

Суштината е дека и во овој како и во случајот со Катица Јанева, актерите се речиси исти, односно Зоран Заев нарачува, Мицкоски поддржува, а лице во правосудните органи го спроведува политичкиот прогон. И во случајот со Адеми имаме имот за кој не е познато потеклото, имаме непочитување на правосудните органи и процедури и постапка за разрешување како што впрочем првично започна расчистувањето на македонската држава со Катица Јанева. Прашањето кое се наметнува е дали овие две „челични дами“ со длабок џеп ќе ја имаат буквално истата судбина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Џафери е добро решение за технички…

Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и…

СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и…

Од СДСМ порачуваат Христијан Мицкоски да не…

Се очeкува Јован Митрески да биде предложен…

Неофицијално се дознава дека на овој состанок…

Ковачевски ќе биде носител на пратеничка листа…

Премиерот Ковачевски вечерва во интервју за "360"…

Исфрустрирани кретени од ДПМНЕ и СДСМ, вие…

Трагично е што двете најголеми политички партии…