Бесими најавува голема фискална реформа

t

Среднорочното проектирање и буџетирање, интегрираниот информатички систем за финансиско управување ИФМИС, како и воведувањето Фискален совет и фискални правила и принципи, се главните реформи предвидени во новиот реформски Закон за буџети, кој помина на второ читање во Собранието и се очекува набрзо да се разгледува и на пленарна седница. Новиот Закон за буџети е р’бетот на СМАРТ-системот на јавни финансии, пишува во својата колумна, министерот за финансии, Фатмир Бесими.

-Со Законот се воведува буџетирање базирано на успешност, преку воведување и следење на индикатори за успешност (KPI – key performance indicators), со цел да се подобри ефикасноста и ефективноста на јавните расходи преку поврзување на трошоците во јавниот сектор со резултатите. Буџетирањето базирано на резултати има за цел да осигура дека клучните носители на одлуки и креатори на политики систематски ќе ги земат во предвид резултатите што треба да се постигнат со реализација на расходите. Со тоа и постигнување на целта за дефинирање на приоритетите и политиките во буџетот според концептот т.н. вредност на парите (value for money), што значи дека средствата во буџетот ќе се распределат таму каде што даваат најголем ефект во ппостигнубање на целите за повисок стандард и поквалитетен живот на граѓаните – пишува Бесими.

Новиот Закон за буџети има механизми и за подобро планирање и спроведување на капиталните проекти. Буџетските корисници, како дел од процесот на подготовка на буџетот, ќе треба да достават пред-физибилити или физибилити студија до Министерството за финансии за сите нови предлози за големи инвестиции, каде ќе се основа организациона единица за оценка на инвестициите (PIMA public investment management assessment).

Во Законот за буџети се дефинираат и фискалните правила, буџетскиот дефицит на ниво до 3% од бруто домашниот производ, додека јавниот долг на ниво од 60%, кој всушност според нова методологија се смета за долг на општа власт (државата и општините), додека гарантираниот долг за јавните претпријатија и други институции од јавниот сектор кои не се буџетски корисници се ограничува до 15% од бруто домашниот производ. Исто така, се уредува воведувањето на фискалниот совет.
-Фискалниот совет има за цел независно да ја оценува фискалната политика, стратегиите и нивното спроведување, како и макроекономските и буџетските проекции. Советот ќе биде составен од 3 члена – експерти од областа на јавните финансии, макроекономијата или економијата, предложени од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка, а ќе ги избира Собранието – посочува министерот Бесими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…