Објавено на:

Бидете внимателни! Невреме со крупен град од попладнево

t

Под влијание на циклон од западна Европа, денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира и ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Поради загреаната атмосфера која ќе биде исполнета со енергија, и тоа поради топлиот бран од Африка, локално ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, бурен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на крупен град. Токму поради ова апелираме на претплазливост, додава познатиот прогнозер.

И во Скопскиот регион денес попладне и навечер ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да се искачат и до околу 31-32 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…