Бидете хумани, да и помогнеме: Славјанка ги продава армиските кучиња – За војна со Русија треба многу пари

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска неславно го започна својот мандат со изјавата во која дефакто малата Македонија и се закани со војна на Руската Федерација.

Ваквата изјава на Петровска предизвика потсмев во јавност, а најчестиот коментар беше дека рускиот армиски хор има повеќе припадници од целокупната македонска армија.


Кариерата на Петровска продолжува неславно имајќи во предвид дека министерството за одбрана на оглас ги продава кучињата кои се дел од единиците на армијата.

-Предмет на продажба се движни ствари – службени кучиња утврдени со Одлука на Владата на Република Северна Македонија за продажба на движни ствари – службени кучиња бр. 40-11929/1, од 14.12.2021 (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 286/21) и тоа:

куче Пена, тетовир бр. 983, раса Германски овчар, пол женски, дата на раѓање 07.08.2020 година, со почетна цена од 12.300,00 денари;

куче Пола, тетовир бр. 984, раса Германски овчар, пол женски, дата на раѓање 07.08.2020 година, со почетна цена од 12.300,00 денари;

куче Руда, тетовир бр. 989, раса Германски овчар, пол женски, дата на раѓање 17.05.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари;

куче Рона, тетовир бр. 990, раса Германски овчар, пол женски, дата на раѓање 17.05.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари;

куче Рива, тетовир бр. 991, раса Германски овчар, пол женски, дата на раѓање 17.05.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари;

куче Стела, тетовир бр. 995, раса Германски овчар, пол женски, дата на раѓање 25.06.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари;

куче Софи, тетовир бр. 996, раса Германски овчар, пол женски, дата на раѓање 25.06.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари;

куче Сара, тетовир бр. 997, раса Германски овчар, пол женски, дата на раѓање 25.06.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари;

куче Чика, тетовир бр. 178, раса Белгиски овчар, пол женски, дата на раѓање 21.07.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари;

куче Чимба, тетовир бр. 179, раса Белгиски овчар, пол женски, дата на раѓање 21.07.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари;

куче Чила, тетовир бр. 180, раса Белгиски овчар, пол женски, дата на раѓање 21.07.2021 година, со почетна цена од 3.690,00 денари, стои во огласот на министерството за одбрана.

Нашите инфромации велат дека станува збор за здрави единки стари една година кои ја имаат поминато целокупната обука за едно армиско куче.

Очиледно министерството за одбрана кубури за финансии па мора да се одлучи на ваков помалку смешен, помалку трагичен потег.

Се поставува прашањето како Славјанка Петровска планира да ги испрати војниците на рускиот фронт ако мора да продава кучиња за да го подобри финансискиот биланс на министерството.

Секоја година од 2006 , веб-страницата Global Firepower објавува годишен извештај и ранг листа на 140 национални вооружени сили.

Македонија се наоѓа на 134 позиција на оваа ранг листа, односно во 10-те најлоши армии во светот.

Упатство за како да купите куче од АРМ можете да добиете на следниот линк. Бидете хумани да и помогнеме на Славјанка, за војна треба многу пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот гувернер им се изнасмеа: Полски политичар…

Гувернерот на Калининград се изнасмеа на предлогот…

Тешка економска криза: Во Шри Ланка има…

Ранил Викремесинге, кој неодамна беше избран за…

Кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите”…

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг –…

Нова политика кон Куба, САД ги ублажува…

САД информираа за чекори што ќе доведат…

Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи…

Северна Кореја пријави уште 269.510 случаи со…