Објавено на:

Бил Гејтс се пожали: Луѓе ми довикуваат по улица дека ги следам преку вакцините – тоа е лудо

t

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс, во интервју за „Би-би-си“ рече дека теориите на заговор за него се „луди“ и дека е „страшно“ тоа што луѓе му довикувале на улица поради таквите „теории“.

Тој долго време се залагаше за вакцини против коронавирусот и даде милијарди на програмите за вакцинација низ целиот свет. Поради тоа стана предмет на бизарни, неосновани тврдења дека се обидува да ги чипира и следи луѓето преку вакцинација.

„На некој начин, речиси и да мора да се смеете, бидејќи тоа е лудост. Дали навистина сакам да ги следам луѓето? Трошам милијарди на вакцини, не заработувам на вакцините, тие спасуваат животи“, рече тој.

Гејтс додаде дека луѓе кои поверувале во теориите на заговор, му довикуваат на улица.

„Неодамна одев по улица и некои луѓе викаа по мене и ми рекоа дека ги следам. Тоа е ужасно“, рече Гејтс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс се огласи на Твитер: Јас…

Деви Шридар е американски истражувач за јавно…