Објавено на:

Бил Гејтс со пpoгноза за тоа кога Koвид-19 ќе може да го третираме како ceзонски гpип

t

Мултимилијардерот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот официјален профил на Твитер ѝ одговори на претседателката на глобално здравје на Универзитетот во Единбург – Деви Сридхар, на прашањето како и кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот.

Како што земјите ќе ги доживуваат своите бранови на омикрон сојот, нивните здравствени системи ќе бидат пред нов предизвик. Поголем дел од тешките случаи ќе бидат невакцинираните луѓе. Кога омикрон еднаш ќе помине низ земјата, тогаш во останатиот дел од годината би требало да има многу помалку случаи, така што Ковид-19 би можел повеќе да се третира како сезонски грип, смета Гејтс.

Изјавата на Гејтс потсетува на изјавата на американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи кој минатата недела рече дека омикрон сојот на коронавирусот „ќе го стигне речиси секој“ и дека меѓу природниот имунитет кој се создава од заразата и прележување на Ковид-19 и многу високата стапка на вакцинирани и сите достапни лекови за лекување на најтешките случаи на Ковид-19, САД можеби е на раб на преминување од пандемија во ендемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се отвора земјата со најстрог ковид режим: “Не сум…

Патници почнаа да пристигнуваат во Кина преку…

Камион удри во ожалостени пред крематориум во…

Камион удри во група ожалостени кои чекаа…

Во последните 24 часа направени се 665…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Северна Кореја вели дека ситуацијата со коронавирусот…

Северна Кореја денеска увери дека ситуацијата со…

Денеска само 86 новозаразени – во изминатите…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…