Бислимовски потврди: На полноќ ќе се соопшти доколку има промена во цената на горивата

t

Регулаторната комисија за енергетика изработи измени на постоечката методологија со која во услови на драматичен пораз или намалување на цените на нафтените деривати на берзите имаме можност да носиме одлука секој ден, односно доколку цената би се зголемила или намалила за повеќе од 2 денара , во тој случај РКЕ може да носи одлука и по моето гостување тука, ќе одржиме седница на која ќе ги разгледаме анализите кои што се направени и ќе ја информираме јавноста, изјави во вечерашното гостување на „Топ Тема“, директорот на регулаторната комисија, Марко Бислимовски.

Тој појасни дека новата цена на горивата ќе стапи на сила од полноќ а се базира на методологија која се прави врз основа на котации на берзата во рок од 5 дена.

Тој не сакаше да шпекулира, но подвлече дека во минатите денови се случува пораст на цената на горивата на светските берзи, особено на дизелот.

Имавме незапамтено зголемување, некаде од 100 долари на ден, што во историјата од кога постојат берзите, такви драматични порасти не постоеле, изјави Бислимовски во „Топ тема“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…

Поранешен американски секретар за енергетика удри по…

Политиката на тимот на американскиот претседател Џо…