Битиќи: Не очекувам УЈП да стапи во генерален штрајк, помирувачот ќе си ја заврши работата
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за Канал 5 изјави дека не очекува УЈП да стапи во генерален штрајк, бидејќи веќе е назначен помирувач помеѓу двете страни и цени дека тој успешно ќе се справи со ситуацијата.
Кажа дека наредната недела ќе се одржи Економско социјален совет на кој најави дека владата ќе достави нов предлог за методологијата за раст на платите до синдикатите, со која тврди дека целиот јавен сектор ќе добие достоинствени плати. Седницата ќе биде отворена за јавноста.
Инаку веќе една недела шалтерите во УЈП се затворени за странки од 10 до 12 часот, а од синдикатот најавија дека доколку не наидат на слух од надлежните до крајот на месецов, ќе стапат во генерален штрајк, што според нив ќе значи колапс на државата.
Уште една недела рок даваат и вработените во Царина. Револтот во УЈП и царина следи откако министерот за финансии Бесими, им исплати за 30% повисоки плати на вработените во неговото министерство, а не и на овие две институции кои исто така се под капа на финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…
Министерството за внатрешни работи постапува во насока…
Мицкоски: Правиме сè за да не се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата…
На полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари,…
Од 24 ноември стапуваат на сила новите…
Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во…
Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе…
Мицкоски: Најголемата победа на општеството е секое…
Постојат институции чија вредност не се мери…