Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да биде големо, можни се нови мерки

t

Нема да има рестрикции на струја по Нова Година. Ќе има доволно количество на електрична енергија, а поскапувањето нема да биде како што некои сеат страв кај граѓаните, порачува вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното видео интервју за МИА.

Тој не сака да навлегува во предвидувања колку ќе поскапи струјата по 1 јануари, но нагласува дека како Влада направиле се што е во нивна моќ за да осигураат евентуалното поскапување да не биде како што некои најавуваат.


– Знам сигурно една работа што ќе се случи, а тоа е дека за граѓаните ќе обезбедиме доволно електрична енергија, не само во јануари, туку и понатаму, што значи дека потребите за електрична енергија нема да се загрозат. Тоа значи дека нема да има рестрикции. Тоа можам да го гарантирам. Знам дека како Влада се што беше во наша моќ сторивме за да се осигура дека поскапувањето евентуално по 1 јануари не биде големо како што некои навестуваат. Јас гарантирам дека нема да биде како што некои сакаат да сеат страв кај граѓаните. И ќе продолжиме да инвестираме во обновливи извори на енергија, истакнува вицепремиерот.

За ранливите категории на граѓани ќе бидат обезбедени ваучери за енергетски додаток и ќе се прошири целната група.

– И претходно го имаа овој додаток, но тој беше вкалкулиран во социјалната помош. Тој ваучер сега ќе се прошири со поголема целна група и ќе оди директно како енергетски додаток за да се ублажи евентуалниот удар од можното зголемување, вели Битиќи.

За цените на основните прехранбени продукти кои се замрзнати до 31 јануари, вицепремиерот вели дека будно се следи ситуацијата и доколку е нужно, ќе бидат воведени и други мерки.

Битиќи не е застапник на тоа Владата да интервенира во пазарната економија со замрзнување на цените и со лимитирање на маржа, бидејќи смета дека сите чинители во општеството треба да бидат совесни и да не ги користат евентуалните можности за да ги зголемуваат цените, но, за жал, како што вели, се уште како општество не сме дораснати за вистинските пазарни вредности.

– Има еден концепт за кој се залагам повеќе од 20 години, а тоа е дека секогаш кога правиш нешто, прави го, но да не му наштетиш на другиот. Тоа значи да профитираш за себе, но ако заради твојот профит, тоа го правиш на грбот на стотици луѓе, сметам дека тоа не е етички и морално и според правилата на игра не би требало да се применува. Јас сум еден од првите кој најави дека ќе бидеме многу ригорозни кон компаниите ако има здружување и договарање на цени на одредени продукти затоа што тоа му наштетува на основниот принцип на пазарната економија. Јас сум поборник да елиминираме такви појави, а не да замрзнуваме цени. Но за жал, моравме да го направиме тоа затоа што во нашето општество не сме се уште дораснати за вистинските пазарни вредности кои треба да ги имаме, нагласува вицепремиерот Битиќи во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува периодот на изолација: Какви мерки…

"Владата на Република Северна Македонија на денешната…

Цели држави во мрак: Казахстан, Киргистан и…

Централноазиските држави Казахстан, Узбекистан и Киргистан се…

Ново големо поскапување на цените на горивата

Како и секој работен понеделник, така и…

Утре без струја дел од центарот на…

Заради закажани технички зафати утре од 9…

Штетите во енергетиката, народот ги плаќа два…

Поради неспособноста и неодговорноста на кадрите на…