Владата утре ќе разгледува мерки за цените

t

Владата на утрешната седница ќе отвори дискусија и ќе разгледа дополнителни можности, по што ќе се заземе став за тоа кои и какви мерки ќе се преземат за ограничување на цените на прехранбените производи, на хемиските и на бебешката храна. Од владата информираат дека денеска веќе се доставени предлозите на трговците – маркетите.

Според неофицијални информации до Министерството за економија и до Владата секој трговец – маркет доставил свои предлози кои производи да бидат со намалена цена.

Поради ваквите различни и неунифицирани предлози, од Владата и од Министерството за економија, поточно само заменик министерот Марјан Ристески, оти министерот Бесар Дурмиши е во службена посета на Катар каде разговара за политичките односи меѓу Македонија и оваа држава, но и за привлекување странски инвеститори, разгледуваат две можни мерки.

Првата е намалување, а не замрзнување на дел од маржите за одредени производи, додека другата е да се намалат цените на стотина производи од 10 до 15 отсто. Оваа мерка треба да стартува најдоцна до 1 март годинава, со што ќе профункционира таканаречената „Рамазанска кошница“, а ќе заврши на после 20 април, со што ќе се реализира и најавената „Велигденска кошница“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа пред тешка зима: Растат цените на…

Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Цената на нафтата се зголеми, откако САД…

Цените на нафтата утрово се тргуваа за…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…