Битолчанец нападнат од неговата партнерка, го удрила со стаклено шише

t

На 02.10.2026 во 16:55 часот во ПО Маврово, Д.Г. (36) од Битола пријавил дека на 01.10.2026 околу 22:30 часот во изнајмена викенд куќа во нас. Крстови 2, по вербална расправија бил физички нападнат од неговата партнерка А.Н. (24) од с. Соколарци, Кочани, која го удрила со стаклено шише во пределот на десната потколеница. Потоа, околу 23:30 часот во апартман во нас. Маврови Анови, при обид да ја земе А.Н., пријавителот бил нападнат од С.П., кој му се заканил со остар предмет, а подоцна од викенд куќата бесправно му биле одземени мобилен телефон и облека. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…