„Блумберг“: Поранешни европски и руски функционери тајно разговарале за мир во Украина
Поранешни високи функционери од Велика Британија, Франција и Германија во јули одржале тајна средба во Виена со поранешен претставник на Кремљ, на која разговарале за можните услови за мировни преговори за Украина, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.
Според информациите, станува збор за неформален дипломатски канал без официјален мандат, кој служи за разгледување можни решенија што подоцна можат да им бидат пренесени на актуелните власти.
Разговорите, според еден од изворите, ги организирал швајцарскиот Центар за хуманитарен дијалог, организација која посредува во вооружени конфликти.
„Блумберг“ наведува дека слична средба меѓу поранешни германски и руски функционери се одржала и во јули во Баку. Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека таквите разговори немаат официјален мандат од Киев и не се дел од формалниот мировен процес, додека Кремљ засега не ги коментирал информациите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Со 1,26 промили, велешанец физички ја нападнал…
Полицијата во Велес го лишила од слобода…
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…