Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ ДА ПРИМАТ МИГРАНТИ ДЕПОРТИРАНИ ОД САД!

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Србија и другите балкански земји да примат мигранти депортирани од Соединетите Американски Држави, објави „Блумберг њуз“ во четврток.
Барањата до земјите во регионот се дел од пошироката стратегија на САД за пронаоѓање странски влади кои се подготвени да примат депортирани мигранти, објави „Блумберг“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање.
Белата куќа, американскиот Стејт департмент и министерството за надворешни работи на Србија не одговорија веднаш на барањата на „Ројтерс“ за коментар.
Минатиот месец, Врховниот суд на САД ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да го поништи привремениот правен статус на стотици илјади венецуелски, кубански, хаитски и никарагвански мигранти кои живеат во Соединетите Американски Држави, зајакнувајќи го стремежот на републиканскиот претседател да ги засили депортациите. Администрацијата на Трамп бараше можни дестинации за имигрантите кои би можеле да бидат депортирани како резултат на одлуката, се вели во извештајот на „Блумберг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…