Бог му заповедал да ја отсече главата на змијата: Американец уапcен поради зaкани за убиcтво на Бајден

Жител на Канзас е уапсен под обвинение дека се заканувал со убиство на американскиот претседател Џо Бајден, пишува „Дејли Бист“, повикувајќи се на судски документи.
Според изданието, уапсениот Скот Мериман изјавил дека „Бог му заповедал да замине во Вашингтон и да ја отсече главата на змијата во срцето на нацијата“.
„Њујорк пост“ објави дека полицијата во Канзас претходно ја информирала тајната служба дека Мериман им се јавил и кажал дека тргнал на пат кон Вашингтон за „да се види со претседателот“. Тој ѝ кажал на полицијата дека е на пат кон Белата куќа за да му каже на Бајден дека на луѓето им е преку глава од поделеноста на земјата и дека треба да се обратат кон Бога.
Мериман, исто така, имал голем број објави на својата Фејсбук страница користејќи „заканувачки јазик“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…