Божиновски го pacтури обвинението за „Плацеви на Водно“: Груевски немал сеф во канцеларија, Стефанова изгуби контрола и му се зakaни на сведокот

t

Вистинска драма утринава се случуваше во Кривичниот суд во Скопје на рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“.

Во својство на сведок денеска беше повика поранешниот генерален секретар на Владата, но и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.

Божиновски денеска го растури обвинението на обвинителката од некогашното СЈО, Лиле Стефанова.

На едно од рочиштата за “Плацевите на Водно”, во судница се сведочеше и Влатко Чинговски, поранешниот директор на ЕЛЕМ, но и некогашен партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали додека бил директор, во неговата канцеларија доаѓале лица кои оставале пакети за партијата, тој појасни дека бил задолжен да биде линк меѓу општинските комитети и централниот комитет. Тој изрази сомнеж дека во пакетите може да имало пари.

Сепак некогашниот генерален секретар на партијата кој сепак бил најзапознаен со финансирањето на партијата истакна дека Чинговски никогаш не носел пари. Чинговски носел само документи истакна Божиновски.

Меѓу другото Божиновски открива и ги демантира претходните сведоштва нагласувајќи дека кај Груевски во канцеларија немало сеф.

Божиновски открива дека во неговата канцеларија имало два сефа еден со документи, а од другиот сеф никој не ја знаел шифрата освен тој лично.

Божиновски во судницата проговори и за личните разговори со Груевски потенцирајќи дека екс-премиеро никогаш не би заинтересиран да купи стан, плац на Водно, куќа или било каков имот во Скопје.

Тој истакна и дека Груевски во својот мандат како премиер од 11 години никогаш не купил стан на свое или на туѓо име.

По неповолното сведоштво за обвинителството, Стефанова дрско среде судница му се закани на Божиновски напоменувајќи дека за него се водат два други процеси.

Она што е најиндикативно за политички прогон е фактот што не е исполнето предикативно дело, односно самата партија ВМРО-ДПМНЕ чии средства според обвинителство биле злоупотребени не бара оштета што значи дека нема дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ватикан: Што значи Светата година 2025?

Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

Jа клоцал, ја влечел за коса па…

Полицијата во Земун го уапси С. Н.…

Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…

„Росавијација“ ја објави причината за падот на…

Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската…