Болниците без персонал: Кардио-васкуларната клиника во Охрид станува Ковид центар

t

Од понеделник Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид повторно ќе работи како ковидцентар, поради зголемениот број лица инфицирани со коронавирусот во градот.

Според последните податоци, во Општата болница во Охрид се сместени 43 лица заболени од Ковид-19 така што се пополнети капацитетите на установата за прием и третман на тој вид пациенти.

Директорот на Општата болница, Горан Балевски, вели дека притисокот врз установата е голем, со дневно и над 150 амбулантски прегледи, а исполнети се одделенијата за инфективни и интерни болести.

Тој појаснува дека установата нема доволно персонал за да ја опслужува модуларната болница, заболени со Ковид-19 има и меѓу вработените, а проблемот со персонал на постоечките одделенија се решава со ротации.

Моментално во Охрид се регистрирани 370 активни случаи на лица инфицирани со Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во Охрид: Пронајдена муниција

На 23.03.2023 во 15.50 часот, полициски службеници…

Договорот од Охрид е гаранција за мирот…

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ја поздрави, како што наведува…

Oхриѓанец ја нападнал мајка си па тргнал…

На 17.03.2023 во 18.30 часот, од полициски…

Заврши тирлатералната средба меѓу Вучиќ, Курти, Борел…

Трилатерална средба меѓу претседателот на Србија, Александар…

Позната агендата за средбата Вучиќ-Курти во Охрид

Премиерот на Косово, Албин Курти, во сабота во…