Борбени авиони на Израел пресретнале комерцијален лет на „Виз ер“
Највисокото ниво на безбедносни протоколи било активирано вчера, 8 февруари 2026 година, на летот на „Виз ер“ од Лондон до Тел Авив, откако спорното име на Wi-Fi мрежата на еден патник било протолкувано како можна закана, тоа довело до пресретнување на авионот од страна на израелски борбени авиони, пренесува „Телеграф.рс“
Инцидентот се случил на летот W95301 од аеродромот Лондон Лутон (Аеродром Лондон Лутон – LTN) до Тел Авив, односно Меѓународниот аеродром Бен Гурион (TLV). Авион „Ербас А321neo“ бил ставен под зголемен надзор и привремено држен надвор од израелскиот воздушен простор откако бил забележан личен Wi-Fi хотспот со име што на хебрејски и арапски значи терорист, заедно со пораки што безбедносните служби ги оцениле како заканувачки.

Во согласност со безбедносните процедури, борбени авиони на израелските воздухопловни сили полетале како дел од системот за брз одговор за визуелно идентификување и придружба на патничкиот авион за време на неговото приближување кон израелскиот воздушен простор. По директна комуникација помеѓу екипажот на летот W95301 и контролата на воздушниот сообраќај, било оценето дека ситуацијата не укажува на непосредна опасност, но придружбата траела до слетувањето во Тел Авив.
По слетувањето на аеродромот Бен Гурион (TLV), авионот бил насочен кон изолирана паркинг позиција, каде што веднаш биле проведени мерки според постапката за сомнителен безбедносен инцидент. Безбедносните сили спроведоа детален претрес на патниците, кабините и багажот, со вклучување на специјализирани единици за откривање експлозиви. Патниците поврзани со спорниот Wi-Fi сигнал биле приведени за безбедносни проверки и полициски разговори, по што беа ослободени бидејќи не беше утврдена реална закана.
По повеќеслојна проверка, не била утврдена реална закана, а инцидентот официјално била класифициран како лажна тревога. Утврдено е дека дотичната Wi-Fi точка била поставена на телефонот на семејство чиј син го сменил името на мрежата пред летото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борбени авиони на Израел пресретнале комерцијален лет…
Највисокото ниво на безбедносни протоколи било активирано…
Израелската војска формира исклучиво женска чета!
Израелските одбранбени сили (ИДФ) го најавуваат формирањето…
Израел негира вмешаност во експлозиите во Иран
Израел не е вклучен во серијата експлозии…
Техеран ги предупреди САД и Израел: Иранските…
Началникот на Генералштабот на иранската војска, Амир…
Виткоф и Кушер на средба со Нетанјаху:…
Високите американски претставници Стив Виткоф и Џаред…