Објавено на:

Виткоф и Кушер на средба со Нетанјаху: Втора фаза од прекинот на огнот во Газа

t

Високите американски претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнаа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим доцна синоќа и ја повикаа неговата влада да премине на втората фаза од прекинот на огнот во Газа. Детали од разговорите не беа откриени, но американски функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, им рече на новинарите дека претставниците тесно соработувале со Нетанјаху за враќањето на телото на последниот заложник во Газа и за следните чекори за демилитаризација на територијата, објави „Вашингтон пост“.

Најголемиот сигнал за почеток на втората фаза би бил отворањето на граничниот премин Рафах помеѓу Газа и Египет. Али Шат, лидерот на идната техничка влада во Газа, која ќе ги води секојдневните работи, изјави во четврток дека преминот ќе биде отворен во двата правци следната недела. Израел не го потврди извештајот, но рече дека ќе го разгледа прашањето.

Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, повика на итно отворање на преминот Рафа во телефонски разговор со директорот на новоформираниот Комитет за мир во Газа. Абделати разговараше по телефон со бугарскиот дипломат Николај Младенов, висок претставник за Газа, за спроведување на втората фаза од прекинот на огнот, вклучително и распоредување на меѓународни набљудувачи, отворање на преминот Рафа во двата правци и повлекување на израелските сили од Појасот Газа, соопшти египетското Министерство за надворешни работи. Абделати нагласи дека спроведувањето на втората фаза е клучна точка за започнување на обновата на Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…