Објавено на:

Борел: Реториката на поделби во 2021 година го попречи патот на Западен Балкан кон ЕУ

t

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, изјави дека порастот на потезите и реториката на поделби низ Западен Балкан во 2021 година ги попречи напорите за приближување на регионот до европската иднина.

Во новогодишниот блог, во кој се осврна на најважните настани од минатата година, во врска со надворешната политика на ЕУ, Борел изјави дека тоа особено важи за Босна и Херцеговина.

– Порастот на реториката и акциите за поделби низ Западен Балкан, особено во Босна и Херцеговина, ги попречија напорите за приближување на шесте земји до нивната европска иднина, наведе Борел.

Борел, исто така, напиша дека како што се шири хибридниот конфликт, ЕУ мора да продолжи да ги поддржува Украина или Молдавија „во отпорот на рускиот притисок“ и да го задржи „непопустливиот пристап“ кон Белорусија.

Тој ја дефинираше 2021 година како „година на транзиција“, наведувајќи дека геополитичките промени „се интензивираа со политиката на моќ која постојано ја доведуваше во прашање ЕУ и нејзините вредности“.

– Мораме да одговориме со сета решеност што можеме да ја собереме, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Борел истакна дека пандемијата на коронавирусот траела подолго отколку што се очекуваше пред една година, наведувајќи дека сојот омикрон повторно бара воведување големи ограничувања и ми се заканува на закрепнувањето.

– Сепак, знаеме дека вакцините прават голема разлика. Повеќето Европејци примиле најмалку две дози. ЕУ извезува вакцини против коронавирус без прекин од декември 2020 година, рече тој.

Сепак, додаде Борел, нееднаквите стапки на вакцинација низ континентите ја нагласуваат потребата да се забрзаат донациите и да се развијат локални капацитети за производство на вакцини, особено во Африка.

Тој наведе дека пандемијата ги спречила земјите во развој да бидат во чекор со развиениот свет, додавајќи дека тоа довело до зголемување на гладот и сиромаштијата во светот.

– Светската банка го проценува бројот на луѓе кои паднале под прагот на сиромаштија поради корона вирусот на околу 150 милиони. Треба да сториме повеќе за да го смениме овој тренд и да се справиме со растечките нееднаквости, напиша Борел.

Тој изјави дека покрај соочувањето со пандемијата, на агендата на ЕУ на меѓународно ниво, доминирале и бројни кризи, во Белорусија, Украина, Мали, Судан, Авганистан, Етиопија и Венецуела.

– Да се биде во постојан режим на управување со кризи понекогаш го ослабува нашиот капацитет да се справиме со долгорочни прашања кои треба да бидат во срцето на нашата надворешна политика, како што е ревитализацијата на мултилатерализмот или балансираното управување со миграцијата или енергетската и климатската криза или правилата за дигитална транзиција, истакна Борел.

Покрај многуте неуспеси и предизвици, во 2021 имаше и позитивен развој, рече Борел, наведувајќи ја водечката улога на дипломатијата на ЕУ во борбата против климатските промени на Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП26) во Глазгов.

Во годината што изминува имаше и обновување на односите меѓу ЕУ и САД под претседателот Џозеф Бајден, оцени Борел.

– Новата насока на американската администрација ни овозможи да постигнеме напредок, на пример во однос на климатските промени, преговорите за иранската нуклеарна програма и оданочувањето на компаниите, рече тој.

Тој изјави дека ЕУ и САД одржале „блиски консултации“ за Кина и за индо-пацифичкиот регион на крајот на годината и се договориле да започнат дијалог за безбедност и одбрана.

Во врска со Кина, се задржа единството на ЕУ, која призна дека ја гледа таа земја како партнер, конкурент и системски ривал во исто време, додаде Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ повторно не се договори за максимална…

Земјите-членки на Европската унија не успеаја да…

ИМЕТО ДА ГО ВРАТИТЕ! Ако нема реформи…

Ако Европската Унија (ЕУ) не се реформира,…

(Видео) Спасовски за 2023 година посака Македонија…

За време на неодамнешното предавање кое го…

(Видео) Палевски: Зошто ниту еден политичар не…

Не постои политичар македонски со интегритет, да…

ЕУ изрази жалење што Руската Дума донесе…

Европската унија изрази жалење за усвојувањето од…