Борисов: Бугарија се претвора во „пиратска држава“ – бродови се напаѓаат во Црно Море, а Владата молчи

t

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, ја обвини владата во Софија дека не реагира соодветно на нападите врз трговските бродови во Црно Море, оценувајќи дека земјата се претвора во „пиратска држава“.

„Брод по брод потонуваат, ограбуваат, бродови исчезнуваат. Се претворивме во пиратска држава. Пиратите шетаат, затоа што владата не се осмелува да каже кои се“, изјави Борисов пред новинарите во бугарскиот парламент.

Тој побара претседателот на Бугарија да свика Консултативен совет за национална безбедност, со образложение дека институциите треба да дадат одговор за нападите врз пловилата во Црно Море и за тоа кој стои зад нив.

Борисов додаде дека, доколку тој раководел со државата, би презел поостри мерки против беспилотните летала. Неговите изјави доаѓаат во време на зголемена безбедносна загриженост во регионот на Црното Море, каде што војната во Украина и нападите врз поморската инфраструктура и пловилата создаваат дополнителни ризици за трговскиот сообраќај.

На прес-конференцијата Борисов соопшти и дека ГЕРБ-СДС нема да ја поддржи „Прогресивна Бугарија“ при изборот на членови на Високиот судски совет. Тој рече дека не сака една политичка сила да има влијание врз сите институции, вклучително и судството.

Во врска со предлог-буџетот за 2027 година, Борисов најави дека неговата партија нема да го поддржи. Како причини ги посочи очекуваната инфлација од пет проценти, ниските приходи и високиот јавен долг.

Осврнувајќи се на војната во Украина и најавената средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, Борисов рече дека не очекува средбата сама по себе да донесе промена во конфликтот. Тој оцени дека војната е интензивна и дека е тешко да се постигне мир кога, според неговите зборови, едната страна е многу посилна од другата.

„Сите сме за мир. Но, како се постигнува мир кога едните се многу силни, а другите многу слаби – не знам“, рече Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Бугарија се претвора во „пиратска држава“…

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…

Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…

Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…

Бугарија не сака да ѝ дава повеќе…

Европа мора активно да учествува во преговорите…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…