Борис Џонсон: „Доста е со глупости!“

t

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон ги обвини антиваксерите дека зборуваат глупости кога се во прашање вакцините против Ковид-19.

Тој рече дека оние кои шират погрешни информации на социјалните мрежи „целосно грешат“ и дека е време да им се сврти вниманието, јави Би-Би-Си.

„Сакам да им порачам на антиваксерите, на луѓето кои пишуваат глупости на социјалните мрежи – целосно грешите. Досега не сте ме слушнале да го кажам ова, бидејќи мислам дека е важно да имаме доброволен пристап во оваа земја и тоа ќе го одржиме, наведе Џонсон, алудирајќи дека Британија нема да воведе задолжителна вакцинација.

„Антиваксерите целосно грешат, време е владата да им го сврти вниманието на тоа што го прават. Апсолутно е погрешно, контрапродуктивно, се што ставаат на социјалните мрежи е глупост“. Тој додаде дека околу 30 до 40 проценти од 17.000 пациенти во британските болници поради Ковид-19 „не биле вакцинирани со никаква доза“.

„Тој број се зголемува кога станува збор за пациенти на интензивна нега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…