Борозан ептен го пецна ривалот: Вардар има повеќе титули во ЛШ, отколку Пелистер победи во две сезони
„Сè е исто, ништо не е сменето. Вардар секогаш бил дома, еднаш вардарец – засекогаш вардарец!
Многу сум среќен што повторно сум тука. Ова е сосема нова екипа, ја водат мои двајца поранешни соиграчи. Се трудиме да држиме ниво и да бидеме конкуренти за титула, да ја освоиме и конечно Македонија пак да има вистински претставник во Лигата на шампионите.
– Бонус видео ТУКА.
Во ракометот некогаш даваш десет, некогаш еден гол, тоа зависи од ситуацијата на теренот. Можеш да дадеш десет гола, а да загубиш. Повеќе сакам вака скромно, ама да заврши со победа. Се подготвува стариот Вуко да се врати. Ова ми е прв меч по четири месеци, задоволен сум и се надевам ќе биде сè подобро и подобро“, започна Црногорецот.
Бомбардерот од Цетиње се осврна и на дерби дуелите со Еурофарм Пелистер, кои во неговото време не беа на вакво ниво. Тој не ја испушти шансата да го „пецне“ ривалот за лошите европски резултати.
„Не знам како да се изразам, а да не погрешам. Ова е навистина тешко дерби. Не би бил ниту скромен, ниту би сакал да прозивам некој. Но, Вардар има повеќе титули во ЛШ, отколку Пелистер победи во последните две сезони“, заврши Борозан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борозан ептен го пецна ривалот: Вардар има…
„Сè е исто, ништо не е сменето.…
Поевтинуваат бензините во Македонија – ова се…
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за…
(Видео) ХЕРОЈ! Судијата Радески му спаси живот…
Голема трагедија била избегната на вчерашниот меч…
Зеленски: Путин се плаши да употреби нуклеарно…
Владимир Путин се плаши да употреби нуклеарно…
Немаат мака: Утре пензионерите ќе добијат пензии…
Утре ќе биде исплатена септемвриската пензија која…