Бран кражби во Германија поради зголемувањето на цените на горивата
Порастот на цените на горивата во Германија доведе до бран кражби на дизел горива, особено од градилишта, цистерни и камиони, соопшти германската полиција, објави „Билд“.
Во последните неколку дена, инциденти беа пријавени во Долна Саксонија, Хесен и Баден-Виртемберг, во кои непознати лица украле илјадници литри гориво.
Само во Бизендорф, 3.000 литри дизел исчезнаа од градилиштето, а во Швалм-Едер, повеќе од 1.500 литри исчезнаа од резервоари и градежна опрема.
„Mотивот за кражбите е поврзан со високите цени на горивата – литар дизел сега чини 2,16 евра, што е зголемување од 46 центи од почетокот на војната на Блискиот Исток“, соопшти полицијата.
Инциденти не се случуваат само на градилишта – во Равенсбург и Улм, неколку илјади литри беа украдени од индустриски возила и магацини, додека возачите на камиони во Мехерних изгубија 1.600 литри дизел додека спиеја, пренесува медиумот.
Портпаролката на полицијата истакна дека бројот на вакви кражби е невообичаен и дека е потребен сериозен напор за да се спречат слични случаи во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бран кражби во Германија поради зголемувањето на…
Порастот на цените на горивата во Германија…
Израел ѝ понуди на Германија да го…
Израел понуди да ѝ помогне на Германија…
Германија ги повлекува дипломатите од Ирак
Германија привремено го повлече персоналот од својата…
Мистериозна експлозија на небото над Германија: Метеорит…
Делови од метеоритот предизвикаа штети на покриви…
Германскиот канцелар Мерц повторно избран за лидер…
Германската владејачка конзервативна партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ),…