Германија ги повлекува дипломатите од Ирак
Германија привремено го повлече персоналот од својата амбасада во Багдад од Ирак поради зголемените безбедносни ризици што ги претставува конфликтот на Блискиот Исток, изјави портпарол на германското Министерство за надворешни работи.
„Вработените во германската амбасада во Багдад сега се привремено евакуирани од Ирак поради заканата“, изјави портпаролот, објави денес Ројтерс.
Портпаролот рече дека безбедноста на вработените во амбасадата во Багдад постојано се проценува и дека правните и конзуларните услуги на амбасадата веќе некое време се строго ограничени поради безбедносната ситуација.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул доцна синоќа во Никозија, за време на посетата на Кипар, изјави дека разговарал за регионалната ситуација со американскиот државен секретар Марко Рубио и дека двајцата ги осудиле „неселективните“ напади на Иран врз земјите во регионот и го повикале Техеран да ги запре овие напади.
Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари откако разговорите за нуклеарната програма на Иран не доведоа до договор, а како одговор, Иран веднаш започна воздушни напади врз Израел и соседните земји, велејќи дека го прави тоа поради присуството на САД во тие земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…
Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…
Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…
СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…
Во рудниците за бакар се потребни нови…
Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…
Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…