Брвеница в недела избира градоначалник: Радичевски и Јахији во вториот круг

t

Жителите на Општина Брвеница в недела, на 1 ноември, повторно ќе гласаат за градоначалник. Во вториот круг се соочуваат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција.

Државната изборна комисија ги утврди конечните резултати од првиот круг откако истекоа роковите за приговори. До Комисијата не бил поднесен ниту еден приговор за гласањето или за утврдувањето и сумирањето на резултатите.

На гласањето одржано на 18 октомври, Радичевски освои 2.945 гласа, а Јахији 2.152. Бидејќи во првиот круг не беше избран градоначалник, одлуката ќе се донесе во повторното соочување на двајцата кандидати.

Право на глас во општината имаат 16.256 граѓани. Во првиот круг гласале 7.572 избирачи, односно излезноста изнесувала 46,58 отсто. Од гласачките ливчиња, 7.411 биле важечки, а 161 неважечко.

Предвремените избори во Брвеница се одржуваат по смртта на градоначалникот Ивица Илиевски, кој почина во јуни годинава. Во првиот круг учествуваа шестмина кандидати — четворица предложени од коалиции и двајца од групи избирачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брвеница в недела избира градоначалник: Радичевски и…

Жителите на Општина Брвеница в недела, на…

И Врховен го одби барањето на Стојанче…

Врховниот суд го одби како неосновано барањето…

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор…

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање…

РТ Балкан пренесува анализа на „Политико“: Брисел…

Победата на Студентската листа во Србија го…

(Видео) Украински дронови нападнаа три руски рафинерии…

Украински беспилотни летала денеска нападнале три нафтени…