Бремена докторка го изгуби бебето поради стрес по отказ во болницата во Струга

t

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистер по специјална едукација, е отпуштена од работното место веднаш штом соопштила дека е бремена.

Од силен стрес поради непродолжување на договорот, во 27-та гестациска недела таа го изгубила бебето, пренесува порталот СДК.

Според информациите кои ги споделуваат се вели дека на нејзино место биле вработени нови лица, вклучително и нов психолог, што Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го оценила како директна интерсекциска дискриминација.

Жената во пријавата навела дека бременоста била здравствено уредна и без ризици, а стресот од загубата на работата ја довел до трагичниот исход.

Комисијата, пренесува СДК, посочува дека бремените жени уживаат посебна законска заштита и дека случајот претставува сериозно прекршување на нивните права, како и на Уставот кој ги гарантира еднаквите права за сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бремена докторка го изгуби бебето поради стрес…

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистер…

Можно е Зеленски да отпатува во САД…

Украинските и американските претставници разговараат за можноста…

Мицкоски: Мораме да се срамиме и црвенееме…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го коментираше коментарот…

Зголемено нивото на повеќе реки во Македонија

Зголемено ниво на водата денеска има реката…

СДСМ: Македонија повторно изолирана, по налог на…

Македонија повторно се наоѓа во изолација, велат…