Мицкоски: Мораме да се срамиме и црвенееме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го коментираше коментарот на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која потенцираше дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур, го испитува судскиот процес против неа за набавка на блиндираното возило.

Мицкоски кажа дека овие забелешки од Стразбур се замо доказ за состојбата во судството и обвинителството во Македонија.

„Ја видов реакцијата на Јанкулоска утрово. Таму јасно стои дека од Стразбур имаат забелешки во процесот, начинот на судењето и отвораат предмет да го разгледаат тој процес, нарушување на човекови права и така натаму. Ќе ве потсетам дека за вакви и слични случаи веќе подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои мала им е платата, партиски заробени од страна на претходната влада. Конкретно овој случај видете кој го водеше, и видете кај се наоѓа тој судија денеска. А, од друга страна бараат тројно поголеми плати, а гледате какви пресуди опструирани пресуди носат. И сега ние мора да се срамиме и црвеенеме пред Стразбур од оние кои го кортамниираат нашето судство и обвинителство“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…

Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…

Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…

Исчезнала млада жена од Куманово

31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена…

Меланија Трамп повика на трајно примирје во…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…